Македонија 24. мај 2020. / 11:07

Ахмети: Денешниот празник е прослава на хуманоста, на грижата, на солидарноста преку вербата во Бога

Ахмети: Денешниот празник е прослава на хуманоста, на грижата, на солидарноста преку вербата во Бога

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети упати честитка до сите верници од исламска вероиповед по повод големиот празник Рамазан Бајрам.

– Дозволете ми во името на сите нас при Демократската Унија за Интеграција да ви го честитам големиот празник Рамазан Бајрам  со најискрени желби за прифатен пост и молитви, здравје, среќа и благосостојба во вашите семејства.

Денешниот празник доаѓа по светиот месец на постење и претставува прослава на хуманоста, на подавање рака, на грижата, на обединувањето, солидарноста преку вербата во Бога, вели Ахмети.

Тој потенцира дека во овие тешки и непредвидливи времиња, да бидеме повнимателни и да се молиме еден за друг и за човештвото воопшто за да го надминеме овој предизвик што е можно поскоро и полесно, и да се вратиме заедно во нормалноста и животот каков што го знаеме и сакаме.

Посакувам овие празнични денови да ги поминете со своите најсакани, да се сакаме, почитуваме, грижиме и помагаме еден со друг рефлектирајќи кон општото добро со верба во Господ, се вели во честитката од лидерот на ДУИ Али Ахмети.