Македонија 21. мај 2019. / 11:31

Ахмети бара сите функционери да поминат низ ветинг за да се спречат лажните вести

Ахмети бара сите функционери да поминат низ ветинг за да се спречат лажните вести

Лидерот на интегративците, Али Ахмети, бара сите функцинери да поминат низ процес на ветинг, за да се провери како го стекнале имотот, но за да се изврши контрола на нивната личност, објави Фокус. Според Ахмети преку овој систем на проверка ќе се спречат напади врз функцинерите и ширење на лажни вести.

На прашање за пратеникот Павле Богоевски и аферата која пукна по објавување на нелегално снимен разговор, Ахмети вели дека не е во тек.

Со ветинг процедура ќе бидеме поуспешни во владеење на земјата и ќе се намалат измислувањата и нападите во јавноста против различни функционери. Не сум во тек со случајот за Богоевски и затоа бараме ветинг – рече Ахмети.

Тој додаде дека се уште не разговарал со премиерот Зоран Заев за реконструкција на Владата.