Македонија 12. април 2018. / 13:52

Африкански бран: Значителен транспорт на прашина и песок од Сахара, многу топло и спарно време!

Африкански бран: Значителен транспорт на прашина и песок од Сахара, многу топло и спарно време!

Поради силното јужно и југозападно струење кое го има на висина понатаму транспортот на прашина и песок од Сахара кон нашата територија ќе станува се позначителен па така веќе утре (петок) ќе има значително количество на пустинска прашина и песок над Македонското небо па така и атмосферата ќе биде доста позаматена.

Сето ова ќе услови да имаме и нешто поспарно време и тоа не само поради пустинската прашина и песок туку и поради релативно високата влажност која ќе ја имаме во воздухот па токму ова ќе услови и мачно време за граѓаните посебно за метеопатите.

Температурите на воздухот ќе бидат значително над просекот за месец април и истите ќе бидат повисоки од нормалните дури и за околу 10тина степени па и за повеќе па така температурите насекаде ќе се искачуваат над 20 степени додека во централните и во југоисточните предели истите ќе се искачуваат дури и над 25 степепни (некаде до околу 27, 28 степени).

И утре (петок) во попладневните часови на планинските места ќе има услови за сосема краткотраен и локален дожд и услови за сосема ретки грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.