Македонија 02. април 2020. / 11:10

Аџибадем Систина: Тестовите кои ги користиме се клучна алатка во светот за справување со Ковид-19

Аџибадем Систина: Тестовите кои ги користиме се клучна алатка во светот за справување со Ковид-19

Тестовите кои ги користиме се клучната алатка во светот за справување со корона вирусот, соопштија утрово од Клиничката болницата Аџибадем Сиситина, во врска со тестовите кои ги користат, а за кои вчера министерот за здравство, Венко Филипче, рече дека се различен тип од тестовите на сите останати институции.

Од болницата, каде вчера со т.н. брзи серумски тестови биле тестирани 327 луѓе, од кои дури 54 се позитивни, велат дека недозволлива е било каква манипулација во јавноста на оваа тема кога во исклучително сериозна ситуација кога се бориме со еден животозагрозувачки вирус.

Тестот кој се користи во болницата е произведен во Холандија и може ефикасно да детектира претходен контакт со вирусната инфекција преку имунолошкиот статус на телото. Потврда за тоа, велат од Аџибадем Систина е интерпретацијата на резултатите кои се едноставно прикажани.

Клиничко значење на детекцијата на IgG и IgM антителата

-COVID – 19 IgG/IgM Rapid Test кој се користи во Клиничката Болница Аџибадем Систина за детекција на присуство на коронавирусот (Ковид- 19) е произведен во Холандија и претставува серумски рапид тест кој како хроматографски тест се користи за детектирање на антителата IgG-IgM. Комбинираната употреба на IgG и IgM тестот може ефикасно да детектира претходен контакт со вирусната инфекција преку имунолошкиот статус на телото, велат од Систина.

Од болницата додаваат дека во врска со дезинформациите поврзани со овие тестови кои се произведуваат во Холандија и ги користи КБ Аџибадем Систина, Болницата денеска ќе ја известат и холандската амбасада во нашата земја.

Ковид-19 IgG/IgM Рапид Тестот по препорака на СЗО за масовен скрининг на населението активно се користа во во САД, Велика Британија, Италија, Норвешка, Канада, Шпанија, Нов Зеланд, Брунеи, Обединети Арапски Емирати,Индонезија, Бразил и Романија, Бугарија и Србија.

Од Клиничката болница Систина во соопштението ја посочуваат изјавата на епидемиологот и поранешен министер за здравство проф. д-р Драган Даниловски кој ги поддржува препораките на СЗО и во онлајн-дискусијата со членовите на „Наука за сите“, која се одржа во средата на 25 март изјави: ,,Нешто што паралелно на рестриктивните мерки мора да се прави и што Светската здравствена организација постојано го препорачува е: тестирање, тестирање, тестирање… ‘’

-Јас веќе поднесов барање за да набавиме 400.000 брзи тестови, со кои за десетина минути се определува нивото на IGM антитела, кои први се јавуваат во 9-тиот ден по инфекцијата, па само тие што ќе имаат покачено ниво на IGM потоа да бидат тестирани со тестови за вирусот, изјави д-р Данаиловски.

Од Систина информираат дека покрај иницијалните 15.000 тестови болницата набавила уште 35.000 вакви тестови со цел, како што велат, следејќи ги препораките за рана детекција на вирусот како една од главните мерки со цел да се спречи неговото ширење.