Клиничката болница „Аџибадем Систина“ набави нови 35.000 тестови за детекција на Ковид-19.
Оттаму информираат дека располагат со вкупно 50.000 тестови со што помагаат кон стратегијата за масовно тестирање на населението.
До денеска од сите тестирани пациенти во КБ „Аџибадем Систина“ позитивни беа резултатите за 11 пациенти.
Сите позитивни се пријавени во Институт за јавно здравје, согласно пропишана постапка за понатамошно постапување.