Македонија 01. јуни 2020. / 11:54

Адвокатот Дукоски: Вака Боки може да го судат и за убиството на Кенеди

Адвокатот Дукоски: Вака Боки може да го судат и за убиството на Кенеди

Адвокатото на Бојан Јовановски, првообвинетиот во случајот „Рекет“, во завршните зборови истакна дека има суштествена повреда на законот за кривична постапка и на тоа како Јавното обвинителство го води овој случај.

Според адвокатот Сашко Дукоски, ЈО се однесува во стилот „докази, ма какви докази“, им дуваат во грбот и „ќе си тераме како сакаме“.

Тој вели дека Боки го гонат за трошење пари во период кога воопшто не се водела постапка, како што е случај во 2017 година.

Како може да пуштил во промет пари кога не била почната постапка. На тој начин може да биде осуден и за убиството на Кенеди – рече Дукоски.

Тој смета дека е скандалозно што од него се кријат докази кои ги има обвинителството и оти му се јавувале луѓе да му ги продадат изјавите на обвинетиот Зоран Милески – Кичеец, кои и онака му следуваат.

Јас не знам каква е оваа опсесија од криење докази – праша Дукоски.