Македонија 03. декември 2019. / 13:46

Адвокатот на Боки 13: На мојот клиент му зеле 71 вреќа гардероба, ќе докажеме дека таа е купена во 2013 година

Адвокатот на Боки 13: На мојот клиент му зеле 71 вреќа гардероба, ќе докажеме дека таа е купена во 2013 година

Адвокатот на Бојан Јовановски, Сашо Дуковски рече дека против неговиот клиент Обвинителството немало докази и дека Боки 13 е невино обвинет во оваа постапка. Тој посочи дека не се знае кој, зошто и како ги направил видео снимките во овој случај.

– Не е доволно на хартија да напишете претпоставено влијание. Нема да дојдеме до пресуда бидејќи нема докази во овој случај. Се што се презентира е резултат на јавен линч. Ова е прв пат во Македонија за мислење на обвинител да има цела постапка – рече Дуковски.

Тој за второто кривично дело перење пари против неговиот клиент рече дека ОЈО тврдело дека со земените пари наводно купувал гардероба.

– На мојот клиент ОЈО му зеле дури 71 вреќа со гардероба. Обвинителот сака да каже дека тоа било купено во период кога делото било сторено. Ќе докажеме дека таа гардероба е купена во 2013, а не во 2017 и 2018 година – рече Дуковски.