Македонија 25. јануари 2019. / 09:56

Адвокатот на Алими тврди: На Фатиме и фали медиумски простор – никој не делам да наши и каури

Адвокатот на Алими тврди: На Фатиме и фали медиумски простор – никој не делам да наши и каури

Изнесените наводи на рочиштето за предметот „Титаник 3“ од страна обвинителката Фатиме Фетаи за закани кон обвинителите се невистинити, демантира Мефаиљ Арслани, адвокат на обвинетиот функционер од ДУИ, Ејуп Алими.

– Јас сум адвокат кој професионално ја обавува својата дејност. Моите клиенти и соработници никогаш не сум ги делел според нивната вероисповед или „на наши и ваши или каури“, ако што посочува Фетаи. Мојот пристап и начин на работа се професионално за што потврда е мојот коректен однос со сите колеги и клиенти. Ниту јас, ниту мојот клиент сме се заканувале директно или индиректно на обвинителот Гаврил Бубевски. – вели во писмената изјава Арслани, пренесе Плусинфо.

– Повеќе од јасно е дека обвинителката сака и на ваков начин да си земе медиумски простор, кој очигледно во последно време ѝ недостасува, притоа неводејќи сметка за тежината на зборовите кои ги кажува. Да беше свесна што кажува или да се консултираше со некој пред да каже вакви клевети и лаги, немаше да се доведе во ситуација во која допрва треба да го докажува своето бламирање. – додава Арслани.

Инаку, вчера Фетаи во судница ги обелодени заканите.