Македонија 09. март 2019. / 23:02

Адвокатите на Мијалков и Ибраими ќе поднесат жалби до Апелација

Адвокатите на Мијалков и Ибраими ќе поднесат жалби до Апелација

Адвокатите на обвинетите во случајот „Титаник 2“ кои вчера добија затворски казни од првостепениот суд, веќе ги пишуваат жалбите до Апелација. За Алсат М велат дека, штом бидат готови, ќе ги поднесат уште денеска. Адвокатот на обвинетиот Сашо Мијалков, Љупчо Шврговски, очекува Апелација да ја уважи жалбата.

-Очекувавме ослободителна пресуда, а добивме правен преседан. Досега немало случај на поднесен обвинителен предлог за дело за кое е предвидена казна од 1 до 5 години, а да се изрече толку висока казна и да се прифати предлогот за притвор. При тоа се знае дека обвинетиот не е осудуван, а делото што му се става на товар е толку бенигно, рече Љупчо Шврговски – адвокат на Сашо Мијалков.