Македонија 17. март 2020. / 11:45

АД Бутел: Во капела само половина час

АД Бутел: Во капела само половина час

Согласно препораките за заштита од корона вирусот, АД Бутел го намали од еден на половина час времето предвидено за изложување на починатите лица во капелите на Градските гробишта во Скопје.

-Презедовме мерки за што помалку директни контакти меѓу граѓаните, кои доаѓаат да присуствуваат на погребите. Една од препораките е да се изрази сочувство на најблиските и веднаш да ги напуштаат капелите и да се задржуваат на отворено и максимално да се избегнуваат меѓусебни контакти, велат од АД Бутел.

Обезбедени се средства за дезинфекција, а капеларите се задолжително со заштитна опрема. Заштитната опрема е задолжителна и за вработените во сите други служби за погребални услуги.

-Откако почна примената на мерките, досегашната пракса покажа дека има семејства и граѓани, кои доаѓаат подготвени, со маски, но има и такви, кои не се придржуваат до препораките. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат правилата, што важат за групни собири, велат од АД Бутел.