Македонија 28. ноември 2019. / 20:40

Ацевски демантира

Ацевски демантира

Барање за јавно извинување и повлекување на текст од порталите „Република“ со наслов „Костадин Ацевски е пратеникот од СДСМ кој ја претепал сопругата и сакал да и ги земе децата“ и на „Лидер“ со наслов „Ексклузивно: Тепачот пратеник сакал да ги киднапира децата – и ги одздемал на сопругата“, објавени на 28.11.2019 година.

„Најостро ги демантирам и ги осудувам пласираните невистини од порталите „Република“ и „Лидер“ објавени во текстовите „Костадин Ацевски е пратеникот од СДСМ кој ја претепал сопругата и сакал да и ги земе децата“ и „Ексклузивно: Тепачот пратеник сакал да ги киднапира децата – и ги одземал на сопругата“, објавени на 28.11.2019 година.

Порталите „Република“ и „Лидер“ надвор од сите професионални стандарди, служејќи се со лажни вести и манипулации, се обидуваат да го нарушат мојот углед, но и нанесуваат директна штета на угледот на моето семејство.

Крајно несериозно и непрофесионално е да се пласираат вакви невистини, без притоа никој од Вашите редакции да не побара став од мене или пак од мојата сопруга. Дотолку повеќе што во посочените текстови нема наведено ниту автори, што е непрофесионално и во спротивно со новинарските стандарди.

Сето ова укажува на тенденциозна намера на овие редакции со невистини, лаги и манипулации да ми нанесат директна штета на угледот и честа.

Од тие причини, во согласност со член 13 и член 14 од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, барам јавно извинување од порталите „Република“ и „Лидер“ за објавените текстови во ист формат и на исто место како што се објавени текстовите на порталите.

Во спротивно во согласност со член 6 и член 8 од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета ќе поднесам пријава против порталите „Република“ и „Лидер“ за навреда и клевета, со единствена цел да го заштитам мојот углед и угледот на моето семејство“.