Македонија 30. септември 2019. / 15:23

Ацески: Образовниот систем е корумпиран, упропастивме добар дел од децата

Ацески: Образовниот систем е корумпиран, упропастивме добар дел од децата

На еден ден пред пензија, по 50 години работа, универзитетскиот професор по социологија Илија Ацевски, одлучи последниот работен ден да го искористи за да повика на борба против, како што вели, корумпираноста во образовниот систем на УКИМ, пишува Канал5.

Разочаран како властите и управата на државниот универзитет се справуваат со аномалиите во образованието, денеска симболично залепи плакати со пораки до менаџментот, професорите и студентите за неопходни реформи на Универзитетот.

Ацески детектира проблеми и во начинот на функционирање на професорите. Без да посочи конкретни примери, потенцира дека наместо квалитетно образование, професорите на УКИМ повеќе се фокусирани на личните интереси. Вели дека неговите колеги се плашат јавно да го поддржат.

Професорот обвини и дека деканот на Филозофски факултет му го блокирал службениот мејл, а се сомнева дека причината е за да биде оневозможен, како што тврди, да го сврти вниманието кон потребите од длабоки реформи во високото образованието.

Од управата на Универзитетот засега нема реакција на ваквите тврдења на Ацески, а и ректорот Никола Јанкулоски не беше достапен за коментар.

&nbsp