Новиот закон за лични карти и патни исправи, според последните изјави на премиерот Заев, нема да вклучува ознака за етничка припадност, реагира Алијанса за Албанците на изјават на новиот закон за лични карти и патни исправи нема да вклучува ознака за етничка припадност.
„Неговото образложение е дека тоа е технички и ќе треба да се чека на „тендерот“ на нов оператор за биометриски документи! Од кога правото за утврдување на етничка припадност треба да помине на „Тендер“? Каде остана вашиот заеднички договор и ветување во изборната кампања на коалицијата „МОЖЕМЕ“ кон Албанците, или ова беше следната двојна измама од страна на СДСМ-БЕСА? До кога секое право на Албанците ќе мора да поминува низ вашите тендери, за да имате финансиска корист?, прашува Алијанса за Албанците.
Коалициониот партнер на СДСМ, Левизја Беса, ги прашуваат што е причината за нивниот понатамошен престој во Владата, кога единственото залагање и образложение за коалиција под чадорот „МОЖЕМЕ“, беше воведување на етничката припадност во личните документи.
„Затоа, како Алијанса за Албанците, бараме одговорност и отчет за секој ваш неуспех и измама пред граѓаните“, се наведува во реакцијата на партијата.