Редакцијата на „А1он“ најостро реагира на хајката која во последниве три дена ја спроведува директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова, а по објавеното
истражување кое фрла сенка за начинот на доделување на проекти преку „Еразмус+ програмата, реагира А1 он
Служејќи се со дискредитации за нашиот новинар и автор на текстот, Кристијан Ландов, и преку соопштенија и преку социјалните мрежи, Димова на крајно непристоен начин се обидува да го релативизира истражувањето во кое се случајов постојат сериозни сомнежи за злоупотреби, за што редакцијата на „А1он“
ќе стапи со надлежните институции во Брисел.
Ги повикуваме новинарските здруженија да реагираат на односот на Димова кон новинарите и кон редакцијата на „А1он“, бидејќи сметаме дека не доликува на еден претставник на влијателна институција на
овој начин да комуницира со јавноста. Нападот врз Кристијан Ландов со недолични коментари на социјалните мрежи од Лидија Димова е само одраз за нејзината култура и неможноста да комуницира со аргументи. „А1он“ застанува целосно во одбрана на Кристијан Ландов и ќе го поттикне да го истражи целото
работење на агенцијата до детали.
Потенцираме дека уште пред објавувањето на сторијата, беа контактирани сите засегнати страни и обезбедени сите документи, вклучувајќи ја на прво место, Димова.
Во денешното соопштение, сепак, таа тврди дека Националната агенција не финансирала фризерница, туку
назив „Вредност на европско знаење“ во Централниот регистар не постои. Постои само претпријатие со назив В.Е.З. Трејд, а за тоа што претставува кратенката, не можеме да претпоставуваме, со оглед на тоа што
долгиот назив на компанијата е Друштво за трговија и услуги увоз-извоз В.Е.З. Трејд ДООЕЛ Скопје, со приоритетна дејност „фризерски салони и салони за разубавување“, пишува А1 он.