Македонија 21. мај 2020. / 22:54

Манчевски шири лажни вести дека деновиве најголем број од заразените се од литијата во Струга

Манчевски шири лажни вести дека деновиве најголем број од заразените се од литијата во Струга

Министерот за информатичко општетсво, Дамјан Манчевски во гостување во телевзија 24 рече дека најголемиот број на новозаразени доаѓаат од литијата во Струга и ифтарските вечери.

Но, според информациите кои ги дава министерството за здравство и Венко Филипче ниту вчера, ниту денес нема новозаразени од корона вирусот од Струга.

Од каде му е оваа информацијата на Дамјан Манчевски? Дали со овие лажни вести Манчевски сака да го обвини министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев за непостапување во однос на мерките поврзани со корона вирусот?, прашува порталот „Република“.