По дваесет дена лекување, инфективната Клиника денеска ја напушти еден од најстарите пациенти досега излечен од Ковид 19 – 98 годишниот Киро Ристов од Демир Капија, објави „Телма“.
Тој вели дека не било лесно, но е пресреќен што кризата е зад него.
– Добро е, заврши. Сега ми е студено надвор. Каде е колата да си одиме, кратко рече Ристов кој е роден 1923-та година.