Македонија 04. декември 2018. / 22:36

1ТВ: Уапсен поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски

1ТВ: Уапсен поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски

Уапсен е Владимир Атанасовски, поранешниот директор на УБК, дознава 1ТВ.

Атанасовски бил на апанажа до 16 јуни 2018 година и оттогаш е во партискиот безбедносен совет. На функцијата директор на УБК дојде на први септември 2016 година, откако Сашо Мијалков си поднесе оставка поради судирот на полициските сили со вооружена група од Косово во кумановската „Диво насеље“, кога загинаа осуммина припадници на МВР.

На функцијата остана до 16 јуни 2017 година, додека сè уште не беше почната истрага за организирањето на настаните на 27 април и на сè што им претходело на тие настани.