Македонија 14. април 2020. / 12:21

180 македонски граѓани денеска се враќаат од Венеција: Ќе добијат 21 ден карантин во „Дрим“

180 македонски граѓани денеска се враќаат од Венеција: Ќе добијат 21 ден карантин во „Дрим“

На скопскиот аеродром денеска во 14 часот со организиран лет од Венеција ќе пристигнат 180 македонски граѓани.

Тие ќе поминат 21 ден државен карантин во хотел „Дрим“ во Струга, согласно одлуката од 40. седница на владата, која се однесува на прифаќањето на патниците што доаѓаат од високо ризична земја според листата на Светската здравствена организација.

Секој македонски граѓанин, кој се враќа во нашата земја со превозот организиран од владата има обврска самостојно да го плати авионскиот лет и за веќе утврдената процедура запознаени се сите патници. Сместувањето во државен карантин е во строго контролирани и безбедни услови, без никаков финансиски надомест – соопштија од Владата.

Нашите државјани кои ќе допатуваат од Италија, од аеродромот до локацијата за државен карантин ќе бидат превезени со безбеден и строго контролиран автобуски превоз.

Автобусите се со дезинфицирана внатрешност од страна на сертифицирана компанија, обезбедени со полициска придружба, а возачите се со целосна заштитна опрема и скафандери.