Македонија 08. ноември 2019. / 12:17

Возилата на Итната медицинска помош скапуваат во поликлиника Букурешт

Возилата на Итната медицинска помош скапуваат во поликлиника Букурешт

Додека се прават договори за два нови хелихоптери 🚁 кои ќе чинат 72 милиони евра и тоа под сомнителни околности , здравството во Македонија тоне секојдневно за што сведочат објавените слики. Хаварисаните 🚑🚑🚑 возила кои се оставени на милост и немилост на природата во Поликлиниката Букурешт во Скопје можат да послужат за дел од фото прилогот за лошото македонско здравство. Покрај тоа што ова е грда слика за самата болница истовремено е и шокантен фактот кој и како управува со државниот имот, стои во објавата на ФБ групата „Македонска заедница во Малта“.

Оттаму ги прашуваат министерот за здравство Венко Филипче и генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски дали имаат увид или можеби знаат што се случува во здравството ?

-Имате ли увид како тоа овие возила кои пред неколку години беа купени пропаѓаат вака? Понесе ли некој одговорност за уништување на државниот имот ? До кога ќе се уништува се што е купено со парите на граѓаните а притоа никој не сноси никаква одговорност. Напротив се набавува нешто што нема оправданост и неопходност во моментов и тоа на терет на граѓаните. Срамно и трагично е ова што се случува. Тие 72 милиони евра можеби би било подобро да се искористат за обновување на некоја болница или за помош на оние кои секојдневно чекаат одлука на ФЗО за лекување во странство. Почитувани, расипништвото на државен имот и пари на граѓаните мора да запре . Бараме и сакаме Европски 🇪🇺здравствен систем. Македонија треба да има квалитетен и современ здраввствен систем кој ќе им нуди подобри услови и услуги на граѓаните. Ве повикуваме сите Македонци да споделувате со нас најразлични искуства и фотографии од секојдневните проблеми со кои се соочувате во државниот систем. Заеднички обединети и вие кои живеете во Македонија но и ние од дијаспората да помогнеме да го подигнеме квалитетот на живеење во Македонија, стои во објавата на Фејсбук.

&nbsp