Македонија 31. август 2018. / 22:10

12 часа рочиште за 27 април

12 часа рочиште за 27 април

Со сведочењето на пратеникот Павле Богоевски пред малку во Кривичниот суд во Скопје заврши денешното рочиште за настаните во Собранието од 27 април минатата година.

По завршувањето на судењето Богоевски изјави дека со овој процес еднаш засекогаш треба да се заокружи прашањето на одговорноста. Пред Богоевски, сведочеше ипратеничката Фросина Ременски и актуелниот министер, а тогаш пратеник Дамјан Манчевски.

Денеска сведочеше и поранешниот генерал Николовски, кој рече дека станувало збор за саботажа.

Наредното рочиште е на 6 септември.