Магазин 01. јули 2019. / 21:27

Жолта фаза: Докторите со препораки поради високите температури

Жолта фаза: Докторите со препораки поради високите температури

Температурите над 35 степени во наредните три дена ја ставија земјата во жолта фаза.

Докторите до граѓаните препорачуваат да бидат внимателни. Во период од 11 до 17 часот да избегнуваат директно изложување на сонце, не само на плажа туку и во град. Ако, пак, мора да излезете нанесете крема на тело, носете шапка, очила и лесна облека, конзумирајте течности и лесна храна.

Во летните периоди многу е важно одржувањето на клима уредите редовно чистење на филтирите каде се задржуваат бактерии и покрај се причини за заболувања.

Високите температури ќе се задржат оваа недела од среда навчер можна е дестабилизација на времето со локални врнежи.