YouTube полека станува детска видео-платформа. Покрај тоа што заработи најмногу пари од канал чиј главен протагонист е момче кое прегледува играчки, детските содржини сега го зазедоа второто место.
Насловот на најгледаното видео досега на овој сервис од почетокот на оваа недела е јужнокорејската заразна детска песна „Baby shark“.
Преземавте бесплатно музика од YouTube? Епа Американците ставаат крај на тоа!
Оваа повторувачка (и за многумина иритирачка) песна ја слушаа децата и возрасните на ЈуТјуб повеќе од 7,04 милијарди пати, надминувајќи го претходниот рекорд – песната „Деспасито“ на Луис Фонси, која во моментов има нешто помалку од 7,04 милијарди прегледи.
Статистичарите пресметале дека овој број прегледи, со двоминутно траење на песната, значи дека луѓето потрошиле вкупно нешто повеќе од 30.000 години слушајќи рими за семејството на ајкули и неизбежниот рефрен „du du du du du“.