Магазин 19. јануари 2019. / 17:23

Златко Марин демантира дека се допишувал со сопругата на Саше Политико

Златко Марин демантира дека се допишувал со сопругата на Саше Политико

Градоначалникот на општина Аеродром Златко Марин, ги демантира пишувањата на некои поратали, дека наводно, тој се допишувал со сопругата на Саше Ивановски-Политико.

Според некои медиуми, крвававта драма помеѓу Саше Политико и неговата сопруга, била поради тоа што таа си пишувала жешки пораки со градоначалникот на Аеродром.

-Наводните скриншотови од разговори помеѓу мене и сопругата на Саше Политико се лажни. Ова е безобразен обид за рушење на мојот личен интегритет и репутација. Барам извинување и официјален демант на лажната вест од сите портали и физички лица кои ја имаат пренесено оваа груба лага. Во спротивно најавувам тужба за клевета и навреда за сите оние кои ги шират лажните вести. – Марин демантираше на Фејсбук.

Економски Лидер поради тоа што не може да ја докаже автентичноста на тие скриншотови од наводниот разговор помеѓу Марин и сопругата на Саше, не ги објави.