Магазин 01. декември 2019. / 10:30

Новогодишен хуманитарен базар на здружението „Златно перо“-Битола за децата од социјално загрозените категории

Новогодишен хуманитарен базар на здружението „Златно перо“-Битола за децата од социјално загрозените категории

Здружение „Златно перо“ – Битола и хотелот „Епинал“ на 21 декември од 10 до 18 часот ќе организираат Новогодишен хуманитарен базар за дечињата од социјално загрозени семејства.

Под мотото „Да ја претвориме Битола во најубава новогодишна бајка“ право на учество ќе имаат преставници на мали, средни, големи претпријатија, занаетчии кои изработуваат (накит, колачи), слаткарници, винарии, продавници за украси, доколку немаат готов производ може и само ваучер за услуга, здруженија на граѓани, училишта, градинки, факултети.

Целната група за која ќе бидат наменети средствата се социјално загрозени семејства за кои ќе се набават пакети со храна.

Во продолжение и програмата на хуманитарниот базар.

Програма на настанот:
– 10 часот започнување на базарот секој учесник сам си го мести својот штанд,маса и го украсува по желба
– 11 часот Изјави за медиуми
– 12 часот настап на детски хор ,,Детска програма‘‘
– 13 часот Тркалезна маса на тема: ,,Сиромаштија и фрлањето на храна‘‘
– 15 часот Настап на The groove
– 18 часот Завршување на Базарот и афтер базар забава во ресторанот на Хотел Епинал се со цел запознавање на сите учесници и вмрежување кое понатаму може да произнесе други соработки.