Пејачот и кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ (66) се уште е на Инфективната клиника во Белград откако развил пневмонјиа.
Тој десетина дена се лечел дома од воспаление на белите дробови, но сега состојбата му се влошила. Сепак во објавата не е наведено дали пневмонијата на славниот „панонски морнар“ е резултат на зараза од Ковид-19 или се работи за сезонски грип или обична настинка?!
Инаку, Балашевиќ пред две години преживеа инфаркт, по што му беа вградени неколку стента. И заради возраста и заради претходната здравствена состојба тој спаѓа во ризичната група на лица, кои ако се заразат со корона тешко ја надминуваат инфекцијата.