Младиот кошаркар Тешон Хајтауер кој се пријави на овогодинешниот НБА драфт, бил уапсен поради поседување на оружје со кое е извршено убиство. Плејмејкерот и уште четворица се притворени поради сомнение дека се вмешани во тешко кривично дело.
Убиството се случило на осми април во Стокбриџ, Џорџија, а во полицискиот записник стои дека вмешани биле пет или шест луѓе, а жртвата Деванте Ентони подлегнала на повредите во болница.
Хајтауер настапуваше за универзитетот Тулејн, со просек од 15,9 поени по меч. Тој за првпат требаше да се појави на драфтот, но шансите за тоа да се случи се речиси невозможни.