Кумановскиот театар со премиерната изведба на „Солдат“, синоќа го затвори Фестивалот „Денови на комедија“. Во претставата која ја режира Бојана Краљевска играат Сања Русеска и Марко Трајковиќ.
Надлежните од Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ велат дека се задоволни од фестивалот кој се одржа во услови на пандемија со посебни протоколи. Годинава беа изведени две претстави, што е помалку од вообичаеното, но е за организаторите е успех со оглед на условите. Согласно со протоколите, претставите ги проследуваа само 100-ина гледачи иако има места за 677. Билетите беа доделени онлајн.
Сакаме да им се извиниме на сите наши редовни љубители на театарот кои не можеа да дојдат на Денови на комедија 2020, но и да се заблагодариме на сите кои не поддржаа и кажаа дека имаат разбирање за околностите во кои се наоѓаме и дека со нетрпение го очекуваат следниот фестивал во 2021. Се надеваме дека ќе го одржиме во поинакви услови. Екипите кои дојдоа на фестивалот беа презадоволни од целокупната организација и од публиката, изјави Сашо Тодоровски, директорот на Центарот за култура