Индонезиски музичар, тапанар на панк-рок бендот Superman is dead од Бали, во четвртокот беше осуден на 14 месеци затвор поради критикување на националното здружение на лекари на својот профил на „Инстаграм“ во врска со справувањето со пандемијата на Ковид-19.
Геде Ари Астина, попознат по неговото уметничко име Херинкс, беше прогласен за виновен за кршење на законот за електронски информации и трансакции (ITE) во Индонезија и осуден на 14 месеци затвор и глоба од 10 милиони рупи (950 американски долари), изјави портпаролот на судот во Денпасар, Мејд Пасек.
Панел на судии го прогласија за виновен за ширење говор на омраза во случај што активистите за права го квалификуваа како напад врз слободата на говорот.
– Патетично е што во време на национална криза индонезиските власти се чини дека се повеќе заинтересирани да ги замолчат онлајн-критичарите како Херинкс отколку да преземат масовна кампања за јавно информирање за Ковид-19, коментира Андреас Харсоно, индонезиски истражувач за „Хјуман рајт своч“.
Обвинението произле од објава на „Инстаграм“ минатиот јуни во која музичарот го критикува индонезиското лекарско здружение и го нарече униформиран слуга на Светската здравствена организација.