Стариот патен правец од Охрид кон Струга утре ќе биде затворен за сообраќај од 6 до 15 часот поради снимање на сцени за играниот филм „Преекспонирано“ во продукција на „ДНФ Филмс“.
Филмот кој е психолошка драма, претставува и долгометражно деби на режисерката и сценаристка Елеонора Венинова. Поддржан e од страна на Агенцијата за филм.