Раперот Мартел Деруен, познат по уметничкото име Кардоне, почина на 34-годишна возраст од прострелна рана. Кардоне, кој ѝ е братучед на популарната пејачка Бијонсе, бил убиен во неговиот стан, пренесуваат странските медиуми.
Надлежните поднеле налог за апсење на 21-годишната Саша Скаре, која е осомничена за убиството на Кардоне.
-Ништо нема да го врати назад, но таа девојка треба да биде фатена. Таа е опасна и повторно ќе убие. Ако ја видите, јавете се во полиција, изјавила сопругата на Кардоне, Џој.