Медицински експерти предупредуваат дека носењето маски кај деца под двегодишна возраст не се препорачува затоа што може да предизвика проблеми со дишењето и да го зголеми ризикот од задушување, пренесува Би-Би-Си.
Јапонската асоцијација на педијатри им советува на родителите да не им ставаат заштитни маски на децата под две години, затоа што тоа им го отежнува дишењето и го зголемуваат ризикот од задушување.
Покрај тоа, децата имаат потесни дишни патишта, што го става нивното срце под потежок товар кога дишат преку заштитна маска, се укажува на веб-страницата на здружението.
Американскиот центар за контрола и превенција на болести, исто така, смета дека децата под две години не треба да носат маски.