Најпопуларниот рок состав во Босна, Дубиоза Колектив, има нов член во бендот кој пее и свири на музички инструменти – хуманоиден робот наречен Роби Мегабајт.
Студентите од Eлектротехничкиот факултет во Сараево се согласија да го изградат Роби откако бендот побара робот кој ќе одговара на концептот на неговиот нов албум, кој беше објавен минатата година под името #fakenews.
– Нашиот робот … сака да јаде, да пие, да вика, сака музика, рече Ведран Мујагиќ, бас-гитарист на групата, кој беше најмногу вклучен во дизајнирањето на концептот за Роби.
За Роби, тие користеле рециклирани материјали, вклучувајќи раткапни од „голф 2“ и тркала од колички за бебиња. Потребни им биле околу две години да го завршат проектот.
Во видео спотот каде се појавува Роби, целиот бенд постепено се заменува со роботи, дозволувајќи им на членовите на бендот да одат и да се забавуваат. Но, роботите се смеат последни. Се заклучуваат во нивното студио и танцуваат и пијат со девојки додека тие гледаат однадвор.
– Пораката е иронична. Таа е наменета за злобната вештачка интелигенција што им ги одзема работните места на добрите луѓе, вели Мујагиќ.
Роби досега учествуваше на неколку онлајн свирки на бендот наречени „Карантин шоу“.