Отпушоците од цигари претставуваат неверојатна една третина од вкупниот пластичен отпад на планетата и премногу е дискутабилно дали воопшто ги штитат пушачите од димот од тутун, истакнуваат научници од Лондонската школа за хигиена и тропски болести и бараат од Велика Британија и властите ширум светот потполна забрана на филтрите во цигарите.
Цигарите со филтер за прв пат се појавиле во 50-тите години од минатио век и првенствено се направени од целулозен ацетат. Првично биле замислени како начин да се намали изложувањето на бројните штетни хемикалии, за кои научниците во тоа време почнале да се сомневаат дека предизвикуваат рак.
Набрзо, станало очигледно дека улогата за која се наменети не ја обавувале како е планирано.
И покрај тоа што филтерите може да блокираат крупни честички, како катранот, тие не ги спречуваат штетните честички кои се пробиваат длабоко во белите дробови.
И покрај тоа што целулозниот ацетат се распаѓа за брзо време, во рок од неколку месеци, под одредени услови, фрлените отпушоци од цигарите најчесто им се потребни повеќе од десет години да исчезнат.
Тоа претставува еден од најголемите еколошки проблеми, посебно во време кога планетата е шрезагадена со пластичен отпад. Околу 5,5 билиони цигари годишно се пушат на планетата. Од нив нешто помалку од 5 билиони се со филтери, а две третини од отпушоците неодговорно се фрлаат.
Организацијата „Заштита на океаните“, која повеќе од 30 години се занимава со чистењето на плажите и крајбрежјата, наведува дека веќе 32 години филтрите од цигари се најчестиот отпад кој може да се пронајде. Групата истакнува дека тие сочинуваат третина од собраниот отпад и далеку се поприсутни од пластичната амбалажа, капачиња, шишиња, прибор за јадење.