НБА лигата објави дека од 13 до 20 јануари се забележени 11 случаи позитивни на коронавирусот.
Лигата објави дека вкупно се направени 502 тестови во тој период.
Секој кој е позитивен на коронавирус или е утврдено дека имал близок контакт со заразената личност е изолиран и испратен во карантин се до добивање на негативен тест.
Тоа е процедурата според правилата кои ги воведоа НБА лигата и Унијата на НБА кошаркари, а е во согласност со насоките на Центарот за превенција и контрола на болести