Магазин 26. април 2019. / 20:30

За време на празниците ќе биде врнежливо и променливо

За време на празниците ќе биде врнежливо и променливо

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи, утре ќе биде променливо облачно и нестабилно околу пладне, а попладне со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со појава на град и засилен ветер, особено во источните делови.

Во недела ќе преовладува сончево, а во понеделник умерено облачно време со благо опаѓање на дневната температура. Нови локални врнежи од дожд се очекуваат во вторник.