Американската платформа за филмска и видео содржина „Нетфликс“ забележа рекордно зголемување на бројот на претплатници во првото тримесечје годинава..
Податоците на, можеби, најпопуларниот стриминг-сервис во светот, покажуваат дека приходот на компанијата во првите три месеца од 2020 година, изнесува 5,77 милијарди долари. Тоа е за 1,25 милијарди повеќе во споредба со првиот квартал од 2019 година и 300 милиони повеќе во однос на четвртото тримесечје лани.
Според познавачите, растот особено се должи на пандемијата на корона вирусот и тоа што луѓето насекаде низ светот се изолираат во своите домови.
„Нетфликс“ пријави и раст на претплатата на 15,77 милиони профили.