Магазин 22. април 2020. / 10:44

За да не бидам лошо момче неколку пати одбив да играм за Јувентус

За да не бидам лошо момче неколку пати одбив да играм за Јувентус

Стеван Јоветиќ одигра одлични партии во Фионетина, а Јувентус го посакуваше во своите редони, но Црногорецот не заврши во Торино.

Напаѓачот кој имаше многу проблеми со повреди, призна дека тој повеќе пати го одбил Јувентус затоа што не сакал да испадне лоша личност.

Кога заминав, се чувствував лошо затоа што некои напишаа дека одам во Јувентус. Ја знам историјата на Виола, неколкупати ги одбив Бјанконите.

Овој 30-годишник во моментов е член на Монако, во меѓувреме играше за Интер и Севиља.

Ривалството на Фиорентина и Јувентус беше кренато на високо ниво пред три децении кога Роберто Баџо се пресели во клубот од Торино и од тогаш во Фиренца секое заминување од Фиорентина кај Бјанконерите се смета за предавство.