Во Битола се одржува Вториот Форум на креативните градови за филм од мрежата на УНЕСКО: Создавање на градот на иднината.
На денешната програма од 11 часот во „Бела куќа“ – Битола е предвидено вклучување на високи претставници на креативните градови за филм од мрежата на УНЕСКО – Тераса (Шпанија), Бусан (Јужна Кореја), Лоѓ (Полска), Рим (Италија), Сараево (БиХ), и други градови-членки на кластерот филмски градови на УНЕСКО, како и претставници од домашните релевантни институции, невладиниот и бизнис секторот кои работат во креативните индустрии и филм. Форумот го организира Здружението за филмска уметност ЦЕНТАР ЗА ФИЛМ Битола во насока на зголемување на соработката помеѓу градовите во областа на иновациите и едукацијата. Ова е прв форум од ваков вид кај нас и во регионот.
Програма за 26 август
11:00 Официјално отворање и воведни зборови и Кратко претставување на секој филмски град
11:30 Панел дискусија: Градови на иднината –Културата и креативноста како паметни инвестиции за градовите
Учесници:
Жорди Хернандез (Тераса)
Магдалена Поповиќ (Сараево)
Алесандра Пешета (Рим)
Аника Ким (Бусан)
Весна Ристовска (Битола)
Алан Дуган (Голвеј)
Моника Марлицка-Роберт (Лоѓ)
Дејвид Вилсон (Брадфорд)
12:30 Споделување на искуства на градовите за справувањето со ковид-19 кризата
13:00 – 14:30 Запознавање со домашни организации и институции и работни средби
Маја Андоновска – Илијевски (Центар за култура – Битола)
Владимир Ангелов (Кинотека на Северна Македонија)
Елена Бојаџиева-Цветковска (УМПАКИ Скопје)
Весна Ристовска (Центар за филм Битола)
Љупчо Смилев (Министерство за култура)
Гоце Богоевски (SMART-CUL-TOUR, Битола)
Елена Ивчевска (MEDAL BIM, Битола)
Мими Ѓоргоска-Илиевска (Дирекција за заштита на културно наследство)
Петар Котевски (KAMAi Media и МАГДА, Битола)
21:00 Проекција на избор од кратки филмови од филмските градови на УНЕСКО во киното на отворено на Центар за култура – Битола
Форумот кој требаше едно место да собере повеќе од 20 учесници од странство во овие услови на глобална криза и борба со опасниот и непредвидлив непријател мораше да се изнајдат нови, алтернативни начини за одржување на предвидените активност. Годинава нема гости од странство, но ќе присуствуваат виртуелно. Обраќањата и дискусиите ќе се одвиваат на два начини, во живо со присуство на домашни гости и преку интернет со снимање со камери и стриминг во живо. Сите настани се одвиваат со строго почитување на протоколите за организација на јавни настани.
Форумот почна вчера со бесплатна проекција на бугарскиот филм „Слава“ на дуото Грозева-Валчанов. Форумот е од исклучителна важност за градот Битола како рамноправен член на креативните градови за филм од мрежата на УНЕСКО од 2015 и еден од 18-те градови кои се дел од овој филмски кластер на УНЕСКО, единствен од Македонија и еден од ретките од регионот. Мрежата е клучен партнер на УНЕСКО. Forumot има за цел да придонесе за ефективен развој и промоција на филмската индустрија преку спроведување на целосна проценка, подобрување на националните капацитети и организирање на промотивни настани во оваа област. Меѓу целите на Форумот е да делува како единствена платформа која членовите можат да ги искористат за да ги унапредат своите партнерства и да донесат за нови идеи и соработка.
Сите настани се одвиваат со строго почитување на протоколите за организација на јавни настани.