Времето во земјава е под влијание на влажен и студен воздушен бран и има врнежи од снег и во југоисточниот дел од земјата од дожд.
Во текот на денов врнежите ќе преминуваат од дожд во снег и во некои пониски места и ќе се формира тенка снежна покривка. На планините врнежите цел ден ќе бидат од снег.
Утринската температура се движи од минус пет до три, а дневната од минус два до шест степени Целзиусови.