Магазин 19. април 2020. / 21:00

Времето утре претежно облачно со повремени врнежи од дожд

Времето утре претежно облачно со повремени врнежи од дожд

Времето утре ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен и северозападен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Температурата ќе се движи од 7 до 23 степени. Во Скопје и околината температирата ќе биде од 11 до 22 степени.

Од средината на денот ќе започнат врнежи од дожд проследени со засилен северен ветер и услови за појава на грмежи. На планините врнежите ќе се од снег.

Врнежите преку ноќта кон вторник ќе се поинтензивни, а повремено пообилни врнежи ќе има во вторник и среда кога ќе дува засилен јужен ветер. Врнежите ќе продолжат и во вторник, наместа ќе бидат пообилни.