Магазин 16. декември 2020. / 09:22

Времето облачно со ветер од јужен правец

Времето облачно со ветер од јужен правец

Времето ќе биде умерено облачно со слаб ветер од јужен правец. По котлините претпладне ќе има појава на магла и ниска облачност кои по одделни котлини ќе се задржат и во текот на денот, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринската температура ќе се движи од минус пет до три степени, а дневната од 7 до 14 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде облачно со слаб ветер, претпладне со појава на магла и ниска облачност, која во текот на денот ќе се намали. Утринската температура ќе достигне до минус 2 степени, а дневната до 8 степени.