Магазин 15. декември 2020. / 07:44

Времето денеска, сончево, со температура до 14 степени

Времето денеска, сончево, со температура до 14 степени

Времето ќе биде претежно сончево, вдолж Повардарието со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.

Во Скопје претежно сончево со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 10 степени.

Следува период на стабилно и суво време. По котлините ќе има појава на утринска магла и ниска облачност, особено во среда кога по одделни котлини ќе се задржат и во текот на денот.