Магазин 25. April 2019. / 09:47

Времето денес сончево и топло- во сабота голем пресврт на времето

Времето денес сончево и топло- во сабота голем пресврт на времето

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, и услови за изолирана појава на град. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне на места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Во сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтезивни во форма на невреме со изолирана појава на град.

Во недела на Велигден времето ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен северозападен ветер.