Во Скопје и околината времето денеска беше сончево со мала облачност и слаб ветер. Утринската температура достигна до 13 степени, а дневната до 32 степени.
Во следните денови, како што најавија од Управата за хидрометеоролошки работи, ќе се задржи претежно сончево време со посвежи утра, а дневната температура до средината на неделата ќе биде во пораст, а потоа нема многу да се менува.