Магазин 25. јуни 2019. / 20:04

Временска прогноза за цела недела: Дали ќе врне?

Временска прогноза за цела недела: Дали ќе врне?

Управата за хидрометеролошки работи за утре најавува слично време како денеска- претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со појава на град, а ќе дува и умерен ветер од североисточен правец. Во следните денови според УХМР ќе следува период на стабилно и сончево време, во петок и за време на викендот со умерен до засилен северен ветер.