Магазин 27. мај 2019. / 14:01

Временска прогноза за цела недела

Временска прогноза за цела недела

Во текот на неделата нè очекува период на променливо облачно време со сончеви периоди.

Во попладневните часови на места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни, особено во петок и за време на викендот, информираат од од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура до крајот на неделата ќе се движи во интервалот од 6 до 15 степени. Во текот на неделата максиланата температура ќе биде во интервалот од 23 до 30 степени, за од петок и за време на викендот да следи мало заладување со максимална температира од 18 до 26 степени.