Магазин 14. јануари 2019. / 13:07

Вработена во „Цивил“ го нарече Столе Стоилов гаден човек

Вработена во „Цивил“ го нарече Столе Стоилов гаден човек

Анита Латифи, поранешна новинарка во МРТ, сега вработена во „ЦИВИЛ“, е новата во низата напаѓачи на Столе Стоилов, пренесе Курир.

-Жал ми е за број 5. Убав број на дрес на гаден човек.
Кај бевте да реагирате за негово гнасно однесување пред млади успешни спортисти на кои треба да им е пример?! И пред цела јавност?! Или се согласува(в)те со него?!
Штом не знае кај и со кого живее, ќе треба да му се каже. Браво за Мустафа Адеми!!! – напиша таа на својот Фејсбук профил.

Нејзиниот пост им се допаѓа на неколкумина новинари Албанци вработени во различни медиуми во Македонија.