Магазин 23. јануари 2019. / 11:21

Возачи внимателно на Ќафасан – оштетен е патот

Возачи внимателно на Ќафасан – оштетен е патот

Поради оштетување на коловозот на патниот правец Струга – граничен премиен Ќафасан, поточно до село Франгово, е воведено ограничување на бризната на движење на 40 километри на час, информираат од Авто мото-сојузот на Македонија.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, додаваат оттаму и посочуваат дека на повисоките места во западниот дел од државата има остатоци од кашест снег, а во моментов слаби врнежи од снег има на Попова Шапка, Маврово и Буково.

Поради појава на магла, видливоста на патниот правец Тетово – Гостивар е намалена од 50 до 100 метри, а на планинскиот премин Стража од 20 до 50 метри.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури карактеристични за вечерните и утрински часови постои можност и од појава на голомразица.