Во следниот период голема нестабилност ќе ја зафати нашата држава, поточно од утре па некаде до седми јуни локално низ државава се очекува да наврнат дури од 50 до 100 л/м2 воден талог, информира метеорологот Славчо Попоски. Времето ќе биде многу нестабилно со честа појава на поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер додека поради загреаната атмосфера локално процесите ќе бидат доста интензивни и во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења и појава на град.
Поради силните електрични празнења, метеоролозите со апел до граѓаните да не претстојуваат на отворен простор и под осамени дрвја додека овчарите своите овци да ги делат во помали групи со цел да ги заштитат. Исто така поради доста интензивните врнежи има услови и за локални поплавувања.
Силно невреме ќе го зафати целиот регион и ќе услови многу дожд и град како и силен ветер, а има опасност и од локални поплавувања. Инаку регионот веќе е зафатен од силно невреме со силни врнежи од дожд и град како и силен ветер, веќе овие врнежи почнуваат да создаваат проблеми.