Магазин 03. ноември 2020. / 15:25

Вонредна временска прогноза: Од утре дожд и пониски температури

Вонредна временска прогноза: Од утре дожд и пониски температури

Од утре попладне се очекува промена на времето со врнежи од дожд и намалување на дневните температури за неколку степени Целзиусови.

Според метеоролошката прогноза, врнежите ќе почнат кон крајот на денот и ќе бидат повеќе застапени во западните и јужните делови.

Врнежливо ќе биде и во четврток.

Во деновите од викендот и во понеделник утрата ќе бидат студени со пад на утринските температури, а преку ден ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност.